Србија и Хрватска се пласираа во финалето на Евросонг

by fokus

Вечерва во Ливерпул се одржа првата полуфинална евровизиска вечер. Според светските обложувалници, фаворит беше Лорин од Шведска, која беше евровизиска победничка во 2012 година со ,,Еуфорија”. По изведбата со огромен број на позитивни коментари на официјалната страница на Евросонг изненади и хрватскиот Лет 3.

Во финале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Шведска, Чешка, Израел, Португалија, Србија и Норвешка.

Минатата година победи Украина и Калуш Оркестра со песната ,,Стефанија”, но поради војната настанот се одржува во Велика Британија. За украинските бегалци од страна на британското Министерство за култура биле обезбедени 3.000 влезници по доста поволни цени.

Ова е 67-мо издание на Евровизија и учествуваат 37 земји, додека лани учествуваа 41 земја. Македонија го откажа учеството поради економската криза.

Вики Клинчарова

Поврзани новости