Србија и Албанија сo подобар индекс на демократија од Северна Македонија

by Fokus

Албанија втора година по ред напредува во индексот за демократија, објавен од познатиот магазин Економист и се наоѓа на 68-то место, од 71-во минатата година.

Албанија е подобро рангирана од Северна Македонија (73), Црна Гора (74), Босна и Херцеговина (95), додека најдобра во регионот е Србија, на 63. место.

-Во 2021 година, нашата земја за првпат влезе во втората група на таканаречени проблематични демократии, каде што изборите се слободни и имаат граѓански права, но има проблеми како слободата на медиумите или сузбивањето на опозицијата и кризата. Претходно, Албанија беше рангирана во третата група земји со хибридни демократии, стои во анализата на весникот Монитор.

Во овогодишното рангирање Албанија има 6,11 поени, со благо подобрување од минатата година, кога показателот бил 6,08 поени. Ова е највисок резултат од 2006 година, од кога, се објавува овој индекс.

-Албанија е послаба во категоријата „политичко учество“,каде има оценка 4,44, исто како и лани а подобро е рангирана во категоријата „граѓански слободи“, со 7,06 поени (иако овој показател е во опаѓање во последните две години), а потоа следат „изборен процес и плурализам“ со 7 поени (исто како и минатата година), функционирањето на владата (6,43, од 5,36 колку што беше на минатогодишното рангирање), политичка култура (5,6 пад од 6,25 лани), наведува весникот.

Индексот на демократијата се заснова на пет категории: изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, политичка култура и граѓански слободи. Врз основа на нејзините резултати во низа показатели во овие категории, секоја земја потоа се класифицира како еден од четирите типови режими: „целосна демократија“, „проблематична демократија“, „хибриден режим“ или „авторитарен режим“.

Најдемократска земја во светот е Норвешка, потоа Нов Зеланд, Финска, Шведска, Исланд.

Поврзани новости