7
Српската Влада на утрешната седница, на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март за Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија.
Премиерот Милош Вучиќ и претседателот Вучиќ утрово разговараа за трагедијата во Кочани, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна утрово во три по полноќ за време на концерт, според последните информации што ги објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, загинале 51 лице, а повеќе од 100 лица се повредени.