И покрај тоа што бројките на новозаразени во Србија не се намалуваат, Владата донесе одлука за олабавуввање на рестрикциите, кои до вчера предвидувваа затворање на сите објекти, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
Според новата одлука, угостителските објекти и трговските центри остануваат затворени, додека се отвораат кината, театрите, галериите, библиотеките и фризерските салони, но под нови услови – по 9 квадратни мерки по човек, како и фитнес клубовите, бањите и спортските сали каде мора да има по 16 квадратни метри по лице.
-Ова значи дека ако продавница или, на пример, фризерски салон има 90 квадратни метри, максимум десет лица можат да останат во тој објект истовремено. Не повеќе од десет лица можат да останат внатре во 160 квадратни метри фитнес центар, се вели во соопштението на српската влада.
Угостителските објекти ќе можат да продаваат храна и пијалоци со испорака 24 часа на ден, или шалтерски, додека хотелските ресторани и кафулиња можат да служат до 21 часот и тоа само гости со регистриран престој.
Главниот епидемиолог Предраг Кон за РТС утрово изјави дека медицинскиот дел од Кризниот штаб не се согласува со ваквите мерки, односно смета дека на земјата и е потребно целосно затврање од две недели за да има ефекти.
Тој рече дека до Штабот за неколку дена од затворањето пристигнале стотина жалби и барања за изземање поради лошата економска ситуација, поради што се направени овие олабавувања.
Причината за порастот на бројот на заразени и покрај масовната вацинација, Кон рече дека е резултат на олабавувањето на луѓето, бидејќи со приемот на вакцинацијата тие почувствувале некакво ослободување и почнале да се собираат. Затоа, според него е потребно затворање кое ќе трае подолго.