Србија досега вакцинирала 22.000 странски државјани, сите со АстраЗенека

by fokus

Директорот на Канцеларијата за ИТ и електронска администрација, Михаило Јовановиќ изјави дека досега во Србија се вакцинирани 22.000 странски државјани, сите со вакцината „Астра Зенека“.

„Вчера се создадоа редици, затоа што сите (странските граѓани) дојдоа во исто време, наутро. Ако ја почитуваа поканата и времето што им беше доделено, немаше да биде преполно… Апелиравме странците да не доаѓаат без претходна регистрација преку порталот за е-Влада“,изјави Јовановиќ.

Тој за РТС изјави дека досега во Србија се дадени 2,35 милиони дози вакцини против ковид на српски граѓани, од кои 920.000 ја примиле втората доза, а до вторник, 30 март, треба да се стигне до еден милион ревакцинации.

Поврзани новости