484
САД веруваат дека Косово и Србија мора да преземат итни чекори за деескалација на тензиите, што вклучува безусловно ослободување на тројца уапсени косовски полицајци, објави Стејт департментот.
„Сметаме дека двете страни треба да го спроведат планот од три точки на Европската унија без одлагање. Во оваа рамка, косовскиот премиер Аљбин Курти и неговата влада мора да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат преодните должности од алтернативни локации и да ги повлечат полициските сили. Продолжуваме да го осудуваме неприфатливото насилство врз членовите на КФОР, полицијата и новинарите“, изјави на прес-конференција портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.