Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ рече дека Србија очекува од македонските власти да го екстрадираат Блерим Рамадани, кој пред една недела беше приведен на преминот Јажинце. Дачиќ додаде дека тоа сепак зависи од властите во Македонија.
Српскиот министер заедно со македонскиот министер Тошковски денеска на граничниот премин Табановце, рече дека Србија има список со меѓународни потерници за припадниците на ОВК, кои се осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 1997 до 1999 година.
„Имаме список со многу луѓе кои учествувале во злосторства за време на војната, ги гониме и имаме распишани потерници. Токму со помош на меѓународните потерници дел од нив се уапсени. Очекуваме одлука за екстрадиција, но ова е внатрешно прашање на Северна Македонија“, рече Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.
На поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.