Срамота е патриот од 120 килограми да гледа како баби и дедовци ги бранат Уставот и честа на државата, рече адвокатот на Игор Југ

by Fokus

Адвокатот на обвинетиот Игор Југ, Сашо Јанев, денеска во судница за настаните од „крвавиот четврток“ рече дека кога почнал да го застапува неговиот клиент го прашал што правел таа вечер во Собранието. Југ му одговорил дека е срамота да гледа како баби и дедовци влегуваат во Собранието да ги бранат честа и Уставот на Р Македонија, пренесува Макфакс.

„Срамота е маж од 120 кила, кој себеси се смета за патриот, да не прави ништо и да гледа како баби и дедовци влегуваат за да ги одбранат Уставот и честа на државата“- вели адвокатот на Игор Југ.

Поврзани новости