590
Руската вакцина против коронавирусот, Спутник В, штити од сите познати мутации на Ковид-19, тврди директорот на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Тој прецизира дека заштитата вклучува и од британската мутација, како и од делта сојот, кој е првпат откриен во Индија.
Рускиот центар „Гамалеја“ ја разви вакцината Спутник В, која е прва регистрирана вакцина против коронавирусот.