На Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, кој се одржа од 14 до 20 Мај 2023 година во храмот Св. Сава, во Белград била донесена одлука за доделување канонско ослободување на хиерархијата на ПОА од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква.
-На годинешново заседание на Светиот Архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската православна црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури, се вели во соопштението на СПЦ.