На ден 24.10.2018 година (среда) , ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’-Скопје во соработка со Д-р Кристијан Ристовски од ПЗУ Д-р Кристијан , во просториите на одделот Мајка Тереза во Скопје , се оддржа едукативна работилница на тема : ‘’Орално здравје и Орална хигиена кај геријатриски пациенти ‘’, на која учесниците заедно со персоналот на установата имаа можност да се запознаат со најчестите заболувања и орални манифестации кои се сретнуваат кај оваа категорија на пациенти , превенција, третман како и правилно оддржување на оралната хигиена и протетските надоместоци.
Освен едукативната работилница, се спроведе бесплатен стоматолошки преглед на корисниците во одделот Мајка Тереза од страна на Д-р Салија Љатиф Петрушовска, директор на Установата и Д-р Кристијан Ристовски од ПЗУ Д-р Кристијан , после кој на секој од корисиците им беа доделени производи од фирмата Colgate.
Имено, редовното и правилното оддржување на оралното здравје кај старосната популација на пациенти е особено важнa заради мултиморбидитетите (повеќе системски заболувања ) кои се застапени кај оваа категорија на пациенти и голем дел од нив се манифестираат во усната празнина (како примарни показатели за некоја системска болест на Пр.орален карцином,дијабет, пемфигус,гастроезогалеан рефлукс и сл.).
За Усната празнина се вели дека е Огледало на здравјето , затоа треба да работи на подигање на свеста за важноста на редовните стоматолошки прегледи на пациентите кај нивните избрани доктори особено кај старосната полулација на пациенти.