556
Ќе се обезбедат повеќе од 500 болнички кревети во периодот кој следи, откако бројката на заболени достигна 85 заразени лица, истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува да се подготват спортски сали да служат како резервни болници.
„Има механизми по кои може да се третираат пациентите, како што е германскиот модел, а тоа е во болница да се лекуваат само пациенти на кои може да им биде потребна респираторна машина, секако и пациентите кои се на респираторна машина и сосема солиден третман е домашното лекување како што практикува Германија за пациентите кои имаат полесна форма на вирусот, како што се пациентите во Дебар“, рече министерот.