Спречивме партизанско – герилски обид на Општината за легализација на дивоградба-свињарска фарма, спречивме обид за насилен, драматичен и вонделовнички избор на член на Надзорен одбор на ЈКП Дервен во кое за В.Д. директор е назначена фигура која е дел од најмрачното коруптивно минато на ДПМНЕ, ја посведочивме тврдокорната локална коалиција и мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ, пишува во во Фејсбук статус, советникот од Левица во општина Велес како резиме од четири одржани седници на Советот каде партијата има тројца советници.
– Не изгласавме член на училишен одбор со сомнително минато; Не нѝ изгласаа член за училишен одбор; Страсно и посветено се бориме за културата, урбаното планирање и заштитата на животната средина во градот како врвен приоритет во следните 4 години ; Поднесовме над 10 барања до Општинската администрација за начинот на трошење на пари по одредени ставки; Конструктивно придонесуваме во работата на Советот во нацрт програмите со неколку прелиминарни проекти од урбанизам, здравство, култура, животна средина. Истите амандмански ќе ги поднесеме со цел да станат составен дел од буџетот, се вели во дел од статусот на Смилев.
Тој порачува дека ќе продолжат со поддршка и условено мнозинство за сите стратешки проекти од интерес на градот, и со жесток и упорен отпор кон сите партиски решенија и кон враќање на коруптивното минато. Најави дека ќе ги објави дел од драматичните сцени на последната 4-та седница која траела речиси до полноќ и која на неколку пати била прекинувана.