Во гаснењето на пожарот во Тетово сите заедно спречивме голема катастрофа, можеби опремата што ја користевме е недоволна и стара, но сите заедно учествувме во гасењето на пожарот, изјави денеска првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој информира дека во гаснењето на пожарот што се случи во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, сегашна фабрика за производство на минерални материи биле ангажирани вкупно 216 лица, два хеликоптери, еден армиски и еден полициски, 22 цистерни, 21 машина, како и осум виљушкари.
Меѓу другото, посочи дека како последица на вдишувањето на чадот вчера 22 пожарникари од тетовската противпожарна бригада побарале лекарска помош, но денеска се добро.
Во кругот на фабриката, односно неколку стотини метри од пожарот, посочи Ангелов, имало три големи цистерни со по шест тони метан, а во самата фабрика садови со метилен.
Експлозијата што можела да се случи, според Ангелов, можела да го загрози животот на сите кои биле во фабриката и кои го гаселе пожарот, но и на сите граѓани во околината.
-Фабриката ги има сите потребни дозволи. Противпожарната заштита ја контролира ДЗС. Ваквиот пример покажа колку може да биде опасно, без разлика на почитување на сите стандарди, постоење на вакви големи садови – цистерни со запалива и експлозивна материја во непосредна близина на градот односно на градот – рече тој.