56
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека седуммина осомничени се приведени во Истанбул за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.
Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.
Според него, во квартот Бејкоз во Истанбул е приведен К.А, за кој беше утврдено дека подготвувал терористички напад и тестирал хемикалии што се користат за правење бомби, како и уште седум лица поврзани со него.
Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламска држава.