518
Германските специјални сили го уапсија Тарик С.(29), за кој се верува дека планирал терористички напад.
Тарик е уапсен во центарот на Дуизбург, а полицијата се сомнева дека планирал да изврши напад за време на произраелски митинг во Северна Рајна Вестфалија.
Билд пишува дека германската полиција добила дојава од разузнавачката служба. Уапсениот Тарик, кој е родум од Дуизбург, веќе и е познат на полицијата и се смета за личност со „висок ризик“.
Наводно, Тарик во пораките напишал дека сака „да умре како маченик“.
Според разузнавачките податоци, тој планирал да го нападне произраелскиот собир влетувајќи со својот камион во демонстрантите.