597
Над еден тон материја за производство на амфетамин, вреден над 50 милиони евра, наменет за земји од Европската Унија заплени денеска полицијата на скопскиот Аеродром.
Во акцијата на полицијата е разбиена организирана криминална група и запленети над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин. Пратката тргнала од Кина, додека, крајна дестинација била земја од ЕУ.
Од Министерството за внатрешни ја потврдија акцијата и најавија детали во текот на денот.