492
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот Центар Север спречиле обид за криумчарење на поголема количина разновидни лекови од Македонија кон Косово.
„Во атар на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници. При преглед на теренот биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.