543
Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица.
Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари. Царинските службеници штеките цигари ги откриле во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин.
Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.
Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.