Полициски службеници на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250.000 евра.
Според информацијата на МВР акцијата била спроведена од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, на 31.07.2021 во вечерните часови,
По извршениот увид на лице место од страна на увидна екипа, пронајдената дрога е подигната за вештачење, а по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.