Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или жртви, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, без да ја прецизира точната локација на нападот.
„Во текот на ноќта беше извршен обид за напад на непријателски дрон. Дронот е соборен од силите на Министерството за одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм и додаде дека нема жртви и не е причинета материјална штета.
Градоначалникот на Москва не даде повеќе информации за нападот.
Москва и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од 500 километри од украинската граница, веќе беа цел на напади со беспилотни летала, вклучително и оној што го погоди Кремљ во мај.
Во понеделникот, украинските власти ја презедоа одговорноста за ноќниот напад со беспилотно летало што ја погоди Москва.
На 4 јули беа соборени пет беспилотни летала над московскиот регион, соопштија тогаш руските власти, додавајќи дека нападот ја нарушил работата на Внуково, еден од трите главни меѓународни аеродроми во Москва.