Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај Русковска

by fokus

Во Граѓанскиот суд денеска почна судењето по тужбата за клевета што ја поднесе шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска против претставници на ВМРО-ДПМНЕ за двата спота од предизборната кампања во кои се појавуваше ликот на обвнителката и се тврдеше дека поднесува обвиненија по нарачка на СДСМ.

Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај Русковска и затоа бара 10 илјади евра отштета од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, овластениот претставник на изборната коалација, Игор Јанушев, партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и замрзнување на сметката на коалицијата за оваа сума, јавува Телма.

Адвокатот на тужените пак, Панче Тошковски, го потенцирал вештачењето и рекол дека спотовите биле саркастичен и автентичен начин за критика, а не лага или клевета. Русковска и Мицкоски не беа во суд, ним ги претставуваа нивните адвокати. Судењето продолжува на 5-ти октомври кога во судницата ќе се гледаат и двата предизборни спотови “Криминална вистина” и “Штанд на лагите”.

Поврзани новости