Под слоганот „Спортувај со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија заедно со своите бренд амбасадори иницира спортски натпревари за деца, со цел да придонесе кон создавање на спортска култура од најмали нозе.
Првиот настан беше реализиран во Свети Николе. Минатата година, токму во Свети Николе, со донација од Видеолотарија Касинос Австрија, беше реконструирано игралиштето на кое може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Годинава дечињата од Свети Николе, спортуваа заедно со нашиот бренд амбасадор, Перо Антиќ.
„Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата. Покрај создавањето инфраструктура, заедно со нашите бренд амбасадори, низ спортски настани ќе ги поттикнеме децата да спортуваат и да ја негуваат спортската култура “, велат од компанијата.
Со реализација на овие настани, Видеолотарија Касинос Австрија ги остварува општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите
ПР текст