Спортските сали ќе им бидат доделени на општините и федерациите

by fokus

Меѓуресорска група на Владата на Република Македонија комплетно ќе ги средува работрите во спорстките терени и објекти.

– Свесни сме дека државата дала концесии и од тука има одредени обврски и права, но во моментот го чекаме судското вештачење кое што треба да ги костатира сите состојби од формално правно аспект, но овде ќе ги имаме и опис на состојбите во којшто се. Самото вештачење ќе ги даде алатките на владата за раскинување на договорите. Вчера поставивме В.Д. директор на ЈП за стопанисување со спортските терени и објекти со цел да заврши работата на јавното претпријатие. Целта ми е конечно сите сали да бидат дадени или на општините или на федерациите, рече Заев.

ЈП, според Заев, сега е нефункционално и заглавено, сметките се блокирани, а ретки биле концесионерите кои работеле чесно и си ги плаќале сметките, но парите отишле во небрано…

Премиерот рече дека Агенцијата за млади и спорт веќе објави дека на федерациите ќе им се даваат спортските сали, кои ќе треба да стопанисуваат со нив и да се грижат за нивно одржување.

-Убеден сум дека и по цена на тоа државата да треба да плати одредени регреси заради правно раскинување на договори, треба да го направиме тоа. Изградени се објекти во Македонија, дел се изградени од претходната влада, што е за почит, и благодарение на тоа што генерално нема недостаток на спортски објекти и терени, Агенцијата најголем дел од средствата ќе ги насочува за поддршка на спортот. Се носат последните законски измени за ваучерскиот систем за да го поддржиме спортот, рече Заев.

Премиерот одговарајќи на прашањето на пратеникот Чедомир Саздовски во врска со трите спортски сали во Расадник, во Карпош и во студентскиот дом, кажа дека верува оти на почетокот на 2019 година ќе има средени односи во однос на ова прашање.

Дополнителен надзор во националната Карате федерација на Македонија најави Заев, одговарајќи на уште едно прашање на пратеникот Саздовски, кој обвини дека на Карате сојузот на Скопје не му е дозволено да членува во националниот тим.

Заев посочи дека иако е направен надзор од страна на Агенцијата за млади и спорт, во националната Карате федерација ќе има дополнителен надзор кој ќе биде

– Нанесена е неправда. Агенцијата за млади и спорт вели направила надзор, но веројатно самиот надзор до самиот крај не може да ги даде самите решенија и заради тоа стојам на располагање заедно со моите советници едниот за спорт, другиот за млади, да влеземе во дополнителен надзор да им одговориме на граѓаните заради тоа што веројатно се работи за некои лични односи во самата федерација кои што не овозможуваат правото на членување во федерација, кое е единствено можно во една федерација, рече Заев. Премиерот кажа дека заедно со двајцата советници и со пратеникот Саздовски, кого ќе го повикаат во Владата, ќе донесат конкретни препораки за да може случајот да се заврши.

Поврзани новости