Спортистите и естрадата се сплотија за помош на матурантот Никола: Неговата борба е и наша борба!

by Fokus

Голем хуманитарен настан за помош на матурантот Никола Ѓорѓиев од Скопје ќе се одржи на 22-ри април во Автокоманда, во школскиот двор на Стив Наумов.

Ќе се игра мал фудбал, натпревари од по десет минути, и се апелира да се пријават колку што е можно повеќе екипи. Турнирот ќе изнесува 1.200 денари од екипа, а во видео порака голем број на наши јавни личности порачаа да се покаже хуманост и да му се помогне на Никола. Бројот за пријавување е 078 474 627.

Дел од видеото се Елиф Елмас, Кире Лазаров, Јордан Митев, Бојана, Иван од Либеро Бенд, Игор Џамбазов и многу други.

Сите тие повикуваат на масовност на турнирот, бидејќи сите заедно можеме да му помогнеме на Никола во борбата против болеста.

Како што раскажа за „Фокус” пред неколку дена, Никола се бори со рак на коските и почетната сума потребна за лекување на клиника во Турција изнесува над 110.000 евра.

Тој денес замина во Истанбул, заедно со неговиот дедо.

Во интервјуто младото момче кое годинава е матурант раскажа дека дијагнозата ја дознал пред околу два месеци. Порача дека верува во солидарноста на нашиот народ, кој се крена на нозе по објавата на веста и веќе се најавени и други хуманитарни настани.

Може да се донира на телефонски линии за донации на А1- 143 488 и Т – 143 117.

Сметките на кои може да се донира се – Стопанска банка – 200 003717578051 и Девизна сметка на Стопанска банка – IBAN Code – MK07200004066300617.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости