Спорното интервју на Латас кај Лазаров тргнато од Јутјуб

by Fokus

Спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ Латас кај јутуберот Стефан Лазаров е избришано од неговиот Јутјуб канал.

Истото, кое беше објавено пред пет дена, во текот на вчерашниот ден предизвика сериозни реакции, откако делови од изјавите на Латас беа објавувани на социјалните мрежи.

Скопското обвинителство веќе отвори предмет по скандалозното интервју во кое Латас зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“.

Поврзани новости