Споредба меѓу досегашните лидери на ВМРО-ДПМНЕ

Георгиевски беше визионер, Груевски менаџер, а Мицкоски е интелектуалец, пишува Марјан Ѓорчев во колумна објавена во Фокус.

by Фокус

На вчерашниот редовен Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, беше усвоена нова доктрина, која, покрај останатите, ја изготвувал и поранешниот партиски потпретседател, министер, градоначалник и амбасадор Марјан Ѓорчев. Во колумна за Фокус, Ѓорчев прави споредба меѓу актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски и неговите двајца претходници – Никола Груевски и Љубчо Георгиевски.

„Сигурен сум дека изборот на Мицкоски за претседател на партијата ќе значи верификација на суштинските реформи коишто беа болни и имаа големо влијание во однесувањето на традиционалниот гласачки електорат на партијата во изминатите изборни циклуси. Со тоа ќе отпочне третиот период во триесетиеднагодишна вмровска историја.

Во првиот период(1990-2003), Љубчо Георгиевски беше харизматичен лидер, со визионерски пораки упатени до македонскиот народ во клучните моменти на одлучување за македонска независност и самостојност. Тој имаше исклучителна политичка интиуција во носењето на одлуките како на партиско, така и на државно ниво.

Во вториот период (2003-2017), Никола Груевски ја водеше партијата како лидер со менаџерски предиспозиции, со голем работен капацитет и фокусиран кон економската димензија во политиката, што на извесен начин го афирмираше техократскиот модел на носење одлуки, како пресуден момент во неговиот политички активизам.

Христијан Мицкоски е лидер којшто со досегашниот начин на раководење со партијата, го наметна неговиот висок интелектуален капацитет како одлучувачки за хармонизација на традиционалните вредности на партиската идеолошка матрица, со модерниот начин на претставување на партијата и дефинирање на партиските цели пред гласачкиот електорат, со нагласување на заедничкиот патриотизам кај сите луѓе на Македонија како „модус вивенди“ на новиот правец во политичката акција на ВМРО-ДПМНЕ“.

Од „Воскресни Македонијо“ до заеднички патриотизам

Поврзани новости