Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, оцени дека Македонија соодветно управува со јавниот долг што било забалежани од финансиските институции. Како што потенцираше, веќе нема трошење државни пари за непродуктивни проекти, како поставување споменици, жални врби..
– Најглавно е дека ние водиме добро управување со јавниот долг. Прва година во која што јавниот долг беше намален како процент беше во 2017 година. Постојано водиме политика на задолжување со пониски каматни стапки од кредитите што се отплаќаат. Имавме еврообврзница со најниска каматна стапка досега. Главно промената во задолжувањето се должи на тоа што земјава оди со буџетски дефицит, значи не одиме со суфицит. Исто така имаме големи долгови коишто доспеваат од претходно земени кредити и коишто постојано ги сервисираме, рече Тевдовски.