927
Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне.
Ова денеска го истакна професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова во гостувањето во „Вин вин“ на Телма.
Таа додаде дека нашата држава треба да расчисти со ваквите слаби механизми, затоа што според неа, власта ги злоупотребува.