832
Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во Топ тема на Телма смета дека новиот бугарски премиер Кирил Петков носи моменти во спорот со Македонија.
„Пристапот е многу помодерен ако доаѓа човек кој вели нема да зборуваме за етничката припадност на цар Самуил, туку и за други работи кои ги тангираат граѓаните. Ако паметите вчера или завчера, имаше еден (европратеникот Ангел Џамбаски) од таа групација, која не можеше да го помине изборниот праг, повторно од Брисел или Стразбур ни продава некаков фашизам, спакуван во ново руво, вели Пендаровски.