Палестинските власти соопштија дека на секои 15 минути се убива по едно дете во Газа. Повеќе од 13.000 палестински деца се убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври, според Министерството за здравство на Газа.
Најмалку 25.000 се ранети. Повеќето од еден милион палестински деца не оделе на училиште во Газа и има мали изгледи дека наставата ќе продолжи наскоро.
Повеќето училишта се трансформирани во преполни засолништа за приближно два милионa Палестинци кои се раселени поради израелските воени напади.
„Бидејќи правото на живот повеќе не е загарантирано во Газа, се разбира дека дури и правото на образование не постои од многу причини. Повеќето училишта во Газа станаа засолништа за цивилите, иако беа цел на израелската армија“, вели Калед Ќузмар од организацијата „Меѓународна одбрана за деца.