Според Галуп шест партии влегуваат во новиот парламент на Бугарија

by Fokus

Според анкета на Галуп, шест партии влегуваат во 46-то Национално собрание на Бугарија. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, податоците од излезните анкети покажуваат дека коалицијата ГЕРБ/ СДС освоила 22,1 отсто од гласовите.

Втора политичка сила во Бугарија би била партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов – „Има таков народ” со 21,5 отсто. Третото место е за бугарските социјалисти – 15,1%. Четврта би била „Демократска Бугарија” со 13,7 отсто од гласовите, следува од Движењето за права и слободи со 12,0 отсто и „Исправи се„ мафијата надвор! ” со 4,8 отсто.

Според анализите на Галуп „Вазраждане” (3,3 отсто), коалицијата „Бугарски патриоти” (3,2 отсто), „Бугарско лето” (2,2 отсто) остануваат под бариерата за влез во бугарскиот парламент какп и Атака (1,0 осто)

Според Галуп, одѕивот на парламентарните избори бил 34,5 проценти.

Поврзани новости