Бас рапид транзит (БРТ) што го финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) не може да биде поштетен за Скопје од автобуси кои сообраќаат, а се 30 години стари, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-За жал состојбата во Градот Скопје е од 1980 година и не наликува на град кој е престолнина на земја што аспирира да биде членка на ЕУ. Во Град Скопје ни требаат решенија од 2040 или 2050 година и сметам дека БРТ е токму едно такво решение. Жалам што не се седнува и да се видат, да им остави на тие што се најразумни и најповикани да кажат кое е најдоброто решение за превозот во Градот Скопје, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија.