1.1K
На барање на Амбасадата на Руската Федерација, Општина Карпош ќе добие ново спомен обележје, односно ќе биде поставен споменик на светски познатиот воен пилот и космонаут Јуриј Гагарин, човекот кој прв пат летна во вселената во далечната 1961 година, информира општинскиот портал. Ваква одлука донесоа советниците на Општина Карпош, на завчерашната 23-та седница.
Од Општината за скопски „Дневник“ објасниле дека споменикот ќе биде донација од Русија.