Споделила статус на Апасиев, па мајка и ја деградирале на работно место

by Fokus

Амар Мециновиќ од Левица на денешната прес-конференција информираше за политички притисоци врз луѓе од оваа партија.

„Притисоците и деградирањата на луѓето кои се поистоветуваат со Левица продолжуваат, како непрекинат притисок врз партијата за да се компромитираат нашите активности. Мајката на нашата кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – СТЕВО КРСТЕВСКИ и ФАТОН АХМЕТИ, таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование. Тоа е деградирање, бидејќи ќерка и споделила статус на Апасиев“, вели Мециновиќ.

Поврзани новости