Хакерскиот напад во ФЗОМ крена многу прашина во јавноста која упати низ критики поради ваквите случувања во оваа институција.
Божидар Спировски, директор за информативна сигурност во компанијата Blue Dot во интервју за Мета говореше за овој проблем.
„Еден од начините да се открие кој стои зад нападот е да се следи текот на парите исплатени како откуп. Ова е до некаде возможно и при користење на криптовалути, кои иако се анонимни, се потполно транспарентни при трансферот на средства. Преносот на криптовалута од една анонимна сметка на друга анонимна сметка е потполно видлив на интернет. Ако истражните органи се доволно трпеливи, а криминалецот направи грешка и на некој начин да ‘му се испушти’ дека анонимната сметка е негова, може да се лоцира“, вели тој.