Спиро Ристовски излегува од куќен притвор, понудил гаранција

by fokus

Поранешниот министер Спиро Ристовски излегува од куќен притвор, откако Кривичниот суд му ја прифатил понудената гаранција, потврдија од судот за “Фокус”.

Тој со првостепена пресуда е осуден на шест години и три месеци затвор за случајот „Организаторите на 27 април“.

Неодамна од куќен притвор излезе и екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Тој понуди гаранција од 200.000 евра.

Тој за истиот случај беше осуден на 6,5 години затвор.

В.В.

Поврзани новости