Спилберг му помага на Бајден во изборната кампања

by Fokus

Стивен Спилберг, еден од најпознатите холивудски режисери, му помага на американскиот претседател Џозеф Бајден во неговата изборна кампања, подготвувајќи ја својата стратегија за Демократската национална конвенција во август, објави NBC.

Спилберг, долгогодишен поддржувач на Бајден, активно учествува на средбите со организаторите на овој настан, каде што повеќе од 5.000 делегати од 50 држави официјално ќе ги изберат кандидатите на Демократската партија за претседател и потпретседател.

Спилберг, наводно, нуди свои сознанија за тоа како американскиот претседател најдобро може да ги „комуницира успехот и визијата на земјата“ со делегатите и гледачите.

Изворите велат дека Спилберг сака да му биде колку што е можно од помош на претседателот бидејќи верува дека ова се едни од најважните избори во историјата на САД.

Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се соочат во нова трка за Белата куќа во ноември.

Според анкетите на јавното мислење, поддршката за Трамп е 49 отсто, а за Бајден 43 отсто.

Поврзани новости