Во голема акција на Министерството за внатрешни работи и Одделот за високотехнолошки криминал на Србија, уапсени се четири лица, три во Србија и едно во Чешка, поради лажни пријави за бомби.
Специјалци упаднале во куќата во која се наоѓаат осомничените за лажни пријави и ги привеле додека спиеле.
Кај осомничените при приведувањето полицијата покрај ИТ опрема, пронашла и оружје.
Вчера МУП соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со чести пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.
– Поради зачестените пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија, Министерството за внатрешни работи ги ангажираше сите човечки и материјално-технички ресурси за подобрување на безбедноста на децата, а во соработка со надлежното обвинителство, е преземање активности за откривање и гонење на одговорните лица – соопшти вчера МУП на Србија.