Специјалното обвинителство на Јанева на оценка пред Уставен суд?

by Фокус

Уставниот суд на  Македонија примил иницијатива за оценка на уставноста на Законот за т.н. специјално обвинителство, дознава АЛСАТ – М од неофицијални извори.

Според телевизијата, иницијатавата е стигната или денес или изминативе неколку дена. Тоа значи, дека барем потенцијално, се отвара можност делови или целиот Закон со кој беше избрана Катица Јанева да биде прогласен за неуставен а со тоа да стане неуставно и Обвинителството кое треба да ја расчисти аферата со прислушувањето.

Според информации на телевизијата, подносител на иницијативата за уставноста на специјалното обвинителство е адвокат од Свети Николе.

Поврзани новости