Специјалното обвинителство бара податоци за предметите произлезени од „бомбите“

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство попладне испрати писмено барање до Јавното обвинителство да му бидат доставени статистички податоци за предметите произлезени од прислушувани разговори, односно колку предмети има и кои се тие.

 

Откако ќе ги добие тие информации, специјалната обвинителка Катица Јанева ќе испрати барања до обвинителствата да ги пратат предметите, кои ќе ги презеде во своја надлежност и истрага.

Од регуларното обвинителство, пак, информираа дека бараната статистика се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите.

Од таму постапуваат по ова брање и бараните податоци ќе ги достават во најкраток можен рок, кој, според Законот, најмногу може да изнесува 8 дена.

Поврзани новости