Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на земјава.
Како што соопштија од владината прес-служба, тој ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.
Тема на разговорите се понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.
За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.