Специјална војна: Како руски шпиони работеле против Македонија и Бугарија?

Тоа се прави преку изработка на неверодостојни извештаи, кои преку разни канали се пласираат до медиуми, вели за Фокус Владимир Пивоваров, објаснувајќи какви методи користела руската мрежа откриена во двете држави.

by Фокус

Станува збор за специјална војна со пласирање на дезинформации – ова е оценката што за Фокус ја дава универзитетскиот професор и поранешен шеф  на военото разузнавање Владимир Пивоваров, откако беа откриени руски шпиони во бугарската агенција за безбедност, кои, според бугарскиот премиер Кирил Петков, работеле против пријателството и добрососедството меѓу Бугарија и Македонија.

-Во ситуации од ваков тип, кога вработени во служби се на платен список на туѓа држава, за туѓиот интерес работат преку изработка на неверодостојни и фалсификувани извештаи, кои потоа самите тие преку разни канали се обидуваат да ги пласираат до портали и медиуми, со цел да се креира јавно мислење во полза на нарачателите – објаснува Пивоваров.

Инаку, и македонскиот премиер Димитар Ковачевски потврди дека преземени се мерки за „службеници“ кои, како што рече, има сомнеж дека работеле против добрососедските односи на двете земји. Тој не сакаше да открие дека работеле по налог за туѓа државата, меѓутоа може да се претпостави дека ако Моксва делувала на нарушување на односите меѓу Софија и Скопје од Бугарија, истото тоа да го прави и во земјава.

-Истиот пристап се забележува и во земјава, каде новинари, колумнисти и други креатори на јавното мислење пишуваат, прават емисии и користат други јавни форуми, со цел да стимулираат антизападно расположение, а тоа не се прави од лични убедувања, туку тоа е финансиски мотивирано со преку одредени странски компании во земјава – истакнува Пивоваров.

В.С.

Поврзани новости