Speedtest: Како да ја проверите брзината на вашиот интернет

by fokus

Дали вашиот интернет провајдер ги испорачува брзините на интернет што стојат во договорот? Дали воопшто постои начин да дознаете? Одговорот на второто прашање е да. Постојат повеќе бесплатни опции да ја проверите брзината на вашиот Download и на вашиот Upload.

Пред да го правите тестот препорачливо е да ги исклучите сите преземања (downloads) или прикачувања (uploads) што ги правите во моментот за да добиете попрецизно мерење на вистинската брзина на интернетот.

Speedtest.net е една од најкористените бесплатни алатки за мерење на брзината. Овој мерач може да го користите и без да креирате сметка (account).

Ја мери брзината на вашиот интернет на тој начин што ја одредува вашата локација и ве спарува со локален сервер Speedtest. Сè што треба да направите е да кликнете на копчето „Go“. Целиот процес треба да трае помалку од една минута, а вие гледате како се одвива во реално време.

Вистинската придобивка од користењето на Speedtest.net доаѓа од креирањето на сметка. Со сметката, можете да ги промените поставките, како на пример, да изберете сервер за тестирање, и тоа да се зачувува за секој нареден пат кога ќе сакате да ја измерите брзината.

Истоа така, може да ја прегледате целата историја на тестови за да видите како се менува вашата интернет брзина со текот на времето, што е корисно доколку го менувате вашиот интернет провајдер и сакате да ја видите промената рефлектирана во реалниот живот, а не само на сметката.

Поврзани новости