Спасувачи извлекувале повредени на Попова Шапка, откако 30 лица се изгубиле

by fokus

30 посетители денеска се изгубиле на Попова Шапка поради густата магла и непрегледниот терен. Тројца од нив биле извлекувани од спасители бидејќи имале повреди.

-Ве информираме дека во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени. Додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување, соопштија од ски центарот.

Поради појава на густа магла, а заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге”.

-Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години, во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од Елем Турс веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Поврзани новости