434
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, порача од својот фејсбук профил дека МВР посветено работи на расветлувања на убиствата.
„Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име. Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат“, напиша Спасовски.
Неговата изјава доаѓа неколку дена по двојното убиство во Стара скопска чаршија каде беа изрешетани две лица од криминалното подземје. Паралелно се трага по Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, кој веќе десет дена се води како исчезнат.