Спасовски: Засега немаме проблем со мигрантски текови, но мора да бидеме подготвени

by Фокус
Немаме индиции сега во моментов дека би можеле да имаме миграциски текови како во 2015 година, но сакаме да бидеме подготвени заради тоа што се работи за безбедноста и за нашите граѓани и за ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан.
-Ние сега немаме проблем со мигрантските текови, но треба да бидеме подготвени ако случајно дојде до таква ситуација. Инаку, денеска не се разговараше воопшто и ниту некој побарал, ниту ние сме ветиле, ниту сме разговаралеза тоа дали треба да градиме кампови. Сакам да го повторам ставот на Владата ние имаме два транзитни центри во Македонија, едниот на југ на државата, другиот на север, и тие два транзитни центри опстојуваат и ќе опстојуваат при евентуална мигрантска криза – рече Спасовски.
Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, пак, изјави дека Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци.

Поврзани новости