Спасовски за заканите на Ел Чека за „ново Куманово среде Скопје“: Безбедносната состојба е стабилна!

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски уверува дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и оти нема никакви индикации за нарушување на мирот и стабилноста. Неговата изјава доаѓа како коментар на заканите и написите од „Ел Чека“ во кои зборува за „ново Куманово среде Скопје“.

-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба. Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови, рече Спасовски.

Поврзани новости