Министерот Оливер Спасовски денеска на прес конференција соопшти дека Д.С. кој вчера беше уапсен, а е дел од Кабинетот на министерот, се сомничи за оддавање службена тајна и загрозување на истрага.
-Сакам да ве информирам дека е поднесена кривична пријава против Д.С. инаку член на мојот Кабинет. Станува збор за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Очекувам многу споро, во законски утврдена постапка, сомнежот да биде потврден или отфрлен. Оддавање на службена тајна, загрозувања и наштетувње на истрага се казниви дела. Граѓаните ни ја дадоа довербата да се бориме против криминалот и за било какви потврдени незаконски активности ќе има нула толеранција. Тоа треба да му биде јасно на секого. МВР нема да толерира загрозување на истраги и постапки. Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминал, без оглед на позицијата која ја има во општеството или институциите, рече Спасовски.
Д.С. бил по прфесија криминалист и бил државен советник за криминалистички работи.