Спасовски за случајот со пасошите: Еден од уапсените имал секојдневни контакти со Мицкоски

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека еден од уапсените во аферата со издавањето пасоши на криминалци, бил во секојдневен контакт со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Јас вчера побарав во моето јавно обраќање од страна на Обвинителството да ги испитаме сите овие активности. Ако излегувате како опозициска партија со какви било обвинувања, нудења документи, докази итн., а тоа не го правите во надлежниот орган, тоа е Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми пред сите, па и пред мене. Затоа треба системот да функционира, затоа реков дека треба да се даде одговор. Меѓутоа, ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска, непосредни и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено“, истакна Спасовски.

Тој додаде дека на овој начин опозицијата се става во одбрана на криминалците.

„Јас ова го изнесувам според сознанијата и индициите, тие се во контакт и дел од документите во нивната партија се преку приведените лица. Акцијата беше планирана да се реализира за неколку дена, после спремање на сите активности. Ја забрзавме заради деконспирацијата. Знаете, лидер на партија сега се појавува демек стимулира борба против криминал и корупција, а постојано гледаме дека се става во одбрана на крупните криминалци.“- дополни Спасовски.

Поврзани новости